Кампањата на Бајден се огради од поддршката на поранешниот директор на FBI

Поранешниот директор на американското Федерално биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, кој беше обвинет за скандалот на изборите во 2016 година, го поддржа Џо Бајден на предизборите на Демократската партија за номинацијата за претседателските избори во ноември, но штабот на поранешниот потпретседател се огради од поддршката.

„Се согласувама со Ејми Клобучар (сенаторката која ја напушти демократската трка за претседателска номинација со поддршка за Џо Бајден), дека ние потребен кандидат кој се грижи за Американците и кој ќе го врати достоинството и почитта кон должноста. Има причина зошто (републиканскиот претседател Доналд) Трамп се плаши од Џо Бајден и навива за Берни Сандерс (левичарскиот притивкандидат на Бајден)“, напиша Коми на Twitter.

Додаде дека во вторникот гласал на првите демократски предизбори, а досега Коми целиот живот бил регистриран гласа на републиканците.

Кампањата на Бајден веднаш реагираше сакрастично на изјавата на Коми за поддршка на Бајден,

„Ало, дали тоа е службата за поддршка? Само што добив пакет кој воопшто не го порачав. Како може бесплатно да ви го вратам:“, напиша исто така на Twitter портпаролот на штабот на Бајден.

Џејмс Коми, иако републиканец именува од претходниот демократски претседател Барак Обама за шеф на сојузната американска полиција, во 2016 година ја водеше истрагата за поранешната државна секретарка Хуилари Клинтон за водење на службената дипломатска кореспонденција преку приватна електронска пошта и преку приватен сервер, што е строго забрането со американските закони. Коми во изборната година првично објави дека ја затворил истрагата за Клинтон без подигнување обвинение за противкандидатката на републиканскиот милијардер Доналд Трамп. Сепак, под притисок на јавноста која реагираше за пристраснот, Коми објави дека повторно ја отвора истрагата поради „нови околности“.

Клинтон го посочи подоцна Коми како директен виновник за нејзиниот изненадувачки изборен пораз од Трамп. Републиканскиот претседател, пак, во мај 2017 година го отпушти Коми во врска со скандалот во истрагата на ткн „руско мешање“ во американските избори во полза на Трамп, која по две години истрага од специјалниот обвинител Роберт Мјулер не докажа дослух меѓу Москва и кампањата на републиканецот.