Кампос: Мбапе го гледам единствено во Реал Мадрид

Поранешниот технички директор на Монако – Луис Кампос, смета дека ѕвездата Килијан Мбапе ќе премине од ПСЖ во Реал Мадрид.

Тој практикува напаѓачки фудбал, каков што сите ние сакаме да гледаме на највисоко ниво. Го гледам во дресот на Реал Мадрид, бидејќи на сите големи фудбалери им прилега да бидат во овој тим. Тие самите имаат желба да се во Мадрид. Килијан ќе може да освои повеќе „Златни топки” од Кристијано Роналдо и ќе стане подобар од него, коментира Кампос.

Поранешниот шеф на Монако изјави дека Жозе Мурињо е добра опција за нов тренер на европскиот и светски клупски шампион Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе премина од Монако во Пари Сен Жермен во 2017 година.