Кампот на „Македонија блокира“ мистериозно исчезна од пред Собрание

Шаторите, во кои протестираа припадниците на движењето „Mакедонија блокира“ се отстранети од паркот пред Собранието, објави ТВ „Телма“.

Движењето „Македонија блокира“ затвораше улици во централното градско подрачје во најфреквентите делови од денот со цел да се спротивстават на уставните измени, кои како дел од Преспанскиот договор, треба да ги донесе Собранието.

Повикувајќи се на сопствени неименувани и неофицијални извори телевизијата објавува дека наводно шаторите се тргнати од страна на полицијата околу полноќ, бидејќи не биле исолнети минималните услови за протест, односно присуство на минимум 20 граѓани.