3.8 C
Skopje
недела, декември 15, 2024

Канје јавно ја покани да му се врати Ким, таа има непријатно изненадување

Канје Вест не крие дека сака да се смири со сопругата Ким Кардашијан, а сега на концерт јавно ја покани да му се врати.

Канје одржа хуманитарен концерт со раперот Дрејк, а на концертот беше присутна и Ким. Вест ги промени стиховите на една негова песна на големо воодушевување на публиката.

„Сакам да се вратиш кај мене, само ти, Кимберли“, беше додадениот стих на Канје, па затоа хаштагот #kimberly моментално е еден од најпопуларните на социјалните мрежи.

Дел од фановите на социјалните мрежи се воодушевени од гестот на раперот, додека другиот дел смета дека Ким не треба да се двоуми.

– Ким, случајно да не нападнала, оваа песна воопшто не е напишана за тебе! – напишал еден корисник на Твитер, алудирајќи на тоа дека песната е напишана за поранешната девојка на Канје, Амбер Роуз.

Само неколку часа по концертот, Ким наводно поднела барање за правна разделба, според кое таа сепак би била во брак со раперот, но легално би живеела одвоено од него. Доколку судот одобри, прашањето за старателството и заедничкиот имот би се одвоило од нивниот брачен статус. Исто така, таа наводно поднела барање за отстранување на презимето Вест од нејзиното име, пренесува TMZ.

Ова не е прв јавен крик за помирување на Вест, па неодамна на својата Инстаграм стори објави фотографија од бакнеж со Ким, со која напиша:

– Морам да одам дома! – пренесуваат медиумите.