Канадските истражители се во потрага по остатоци од летечки објект кој наводно го соборил американски борбен авион над канадската територија Јукон, изјави во неделата канадскиот премиер Џастин Трудо, а американски сенатор рекол дека најверојатно станува збор за балон сличен на оној урнат претходно над американската сојузна држава Алјаска.
„Тимови од иследници се на терен, настојуваат да го пронајдат и анализираа објектот… Безбедноста на граѓаните е нашиот главен приоритет и затоа донесов одлука да биде соборен неидентификуваниот објект“, изјави Трудо за новинарите но не навести за каков објект станува збор, туку дека „претставува соодветна закана за безбедноста на цивилното воздухопловство“.
Истовремено канадскиот весник The Globe and Mail повикувајќи се на неименуван функционер објави дека властите во Кадана и во САД сметаат дека неидентификуваниот летачки објект кој беше соборен над канадската територија наводно би можел да биде „разузнавачки балон“ од кинеско или од руско потекло.
За овој објект засега само се знае дека исто како и оној кој беше пресретнат и соборен над Алјаска од борбен авион „F-22“, бил помал и поедноставен од гигантскиот балон кој САД го соборија ред десетина дена над Атлантикот откако го мина целиот копнен дел од САД.
Северна Америка е во висок степен на приправност во поглед на нарушувањето на воздушниот простор чиешто контролирање и одбрана е под заедничка американско-канадска команда, откако беше соборен кинескиот балон за кој Пекинг негира дека бил шпионски и оти имал метеоролошки и научни цели, како и дека над американската територија заталкал поради воздушните прилики.
Најмалку два други два летечки објекти беа урнати над Северна Америка во текот на викендот, додека воените и разузнавачките функционери се фокусирани на можните воздушни закани.
Челникот на тесното демократско мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, за телевизијата ABC News изјави дека американските функционери мислат дека двата летечки објекти, од кои првиот е соборен над замрзнатото море над северот на Алјаска во петокот, а вториот над Јукон во саботата, се всушност балони.
„Веруваат дека биле (балони) да,… но значително помал од првиот“, изјави Шумер а Балата куќа сако кусо објави дека неодамна соборените предмети „не наликуваат многу“ на кинескиот балон.
Американските функционери двапати во 24 часа го затвориле воздушниот простор, а набрзо потоа повторно го отвориле. Сојузната управа за цивилно воздухопловство во неделата накусо го затвори воздушниот просто над езерото Мичиген, извести Rueters.
Американското воено воздухопловство во саботата крена борбени авиони над сојузната држава Монтана за да истражат аномалија којашто се појавила на радарот. Заедничката американско-канадска северноамериканска одбранбена команда NORAD подоцна објави дека пилотите не пронашле ништо сомнително.