Канада ги забрзува депортирањата на баратели на азил пристигнати од САД

Канада ги забрзува депортациите на барателите на азил кои ја минале границата илегално од САД, покажуваат статистичките податоци на федералната агенција, со што ливералната влада во Отава се обидува да ја реши политички чувствителната тема во пресрет на изборната година.

Бројот лица кои се депортирани откако нивните молби за статус на бегалци се одбиени ова 2018 година би требало да падне за 25 отсто, на најниското ниво во оваа деценија, иако бројката депортирани се движеше кон зголемување за трипати, покажуваат податоците на Канадската агенција за гранични прашања (CBSA).

Од јануари 2017 година повеќе од 36.000 луѓе влегле пешки од САД во Канада за да побараат статус на бегалци, од кои многумина рекле дека стравуваат од предизборните ветувања на американскиот претседател Доналд Трамп кој најави дека ќе се справи со илегалната имиграција.

Таа бројка создала проблеми за канадскиост систем за доделување азил, и предизвика политичко негодување во земјата коајшто има практика да ги изб ира своите новодојдени државјани. Владата одговори што на независното тело коешто решава за статусот на бегалец му даде повеќе средства и именуваше министер задолжен за прашањата на преминувањата на границата.

Агенцијата CBSA, којашто е одговорна за депортирањата, во електронска порака за агенцијата Reuters навела дека ги издвојува имигрантите кои не добиваат азил со криминалците како најголемр приоритет за депортирање. Адвокатите на бегалците и фунцкионери од граничните агенции сметаат дека со давањето приоритет за депортациите, премиерот Џастин Трудо, се обидува да го реши проблемот со оние баратели на азил кои станаа жешко политичко прашања за неговата Либерална партија во пресрет на парламентарните избори следната 2019 година.

Бил Блер, минитер задолжен за безбедноста на границите, одбил да коментира. Но Лорн Волдман, адвокат до Торонто, смета дека со забрзувањето на процеуирањето и депортирањата се спречуваат оние кои немаат вистински аргументи, туку се надеваат на живот во Кабнда, додека нивниот случај со години се провлекува низ системот.