Борусија, Шалке, Баер и Лајпциг во следното коло од националниот куп

Фудбалерите на Борусија Дортмунд, Шалке 04, Баер Леверкузен и РБ Лајпицј, изборија во средата вечерта пласман во осминафиналето од германскиот национален куп.

Најубедливата победа ја оствари Баер кој на гостувањето ја совлада Борусија Менхенгладбах со 5:0. „Аптекарите“ во неделата во првенственото коли постигнаа шест голови на гостувањето на Вердер (6:2), а сега пет против Борусија. Баер поведе во 5 минута со голот на Јулијан Бранд, а во последниет поменти од првото полувреме го удвои водството преку Тин Једвај. Потоа во вториот дел два погодока постигна Карим Белараби, во 67 и 74, и Кеви Воланд во 80 минута.

Лидерот во Бундеслигата многу потешко од очекуваното се избори за продолжување на натпреварувањето. Борусија во Дортмунд го совлада второлигашот Унион Берлин со 3:2, а победничкиот гол го постигна во 120 минута. Борусија водеше со 1:0 и 2:1, но госите израмнуваа. Стрелци за домашните беа Крустијан Пулисик во 40, Макс Филип во 73 и Марко Ројс во 120 минута од пенал, додека за гостите двоен стрелец, во 63 и 88 минута беше Себастијан Полтер.

Во еден од поинтересните дуели, РБ Лајпциг со 2:0 го победи Хофенхајм, а двата гола ги постигна Тимо Вернер, во 48 и 56 минута.

Шалке на гостувањето во Келн победи по подоброто изведувањ на пеналите со 6:5, откако дуелот заврши 1:1. Келн поведе во 43 минута преку Кордоба, а Набил Бенталеб израмни во 88 минута од пенал. При изведувањето на ударите од белата точка фидбалерите на Келн не реализираа два, а на Шалек еден.ж

Вердер немаше проблеми против четвртолигашот Вејше Фленсбург победувајќи го со 5:1.

РЕЗУЛТАТИ

Играно во среда:

Келн (Д2) – Шалке 04 5:6 11м (1:1)
Борусија Дортмунд – Унион Берлин (Д2) 3:2 продолженија
Ханза Росток (Д3) – Нирнберг (Д2) 2:4 11м (2:2)
Вејше Фленсбург (Д4) – Werder 1:5
Борусија М. – Баер Леверкузен 0:5
РБ Лајпциг – Хофенхајм 2:0
Холштајн Кил (Д2) – Фрајбург 2:1
Арминиа (Д2) – Дуизбург (Д2) 0:3

Играно во вторник:

Хановер – Волфсбург 0:2
Дармштат (Д2) – Херта Берлин 0:2
Улм (Д4) – Фортуна Диселдорф 1:5
Шеми Лајпциг (Д5) – Падерборн (Д2) 0:3
Аугсбург – Мајнц (Д1) 3:2 продолженија.
Родингхаузен (Д4) – Баерн Минхен 1:2
Хајденхајм (Д2) – Сандаузен (Д2) 3:0
Вехен Визбаден (Д3) – ХСВ (Д2) 0:3