Канада и Британија заедно ќе набават системи за противвоздушна одбрана за Украина

Канада ќе издвои 24,5 милиони долари за заедничка набавка на одбранбена опрема со Велика Британија за системи за противвоздушна одбрана за Украина, изјави во неделата канадскиот министер за одбрана Бил Блер.

Блер истакна дека стнува збор за дел од воената помош вредна половина милијарда канадски долари (околу 370 милиони американски долари), која премиерот Џастин Трудо ѝ ја ветил на Украина во текот на неговата посета на Киев во јуни годинава.

Канада, каде е една од најголемите украински дијаспори во светот, е гласен поддржувач на Киев, чии трупи ги обучува уште од 2015 година, откако година претходно беше изведен превратот со кој на власт дојдоа прозападните украиски сили.

Од почетокот на руската инвазија, таа и обезбеди помош на Украина во износ од околу 6 милијарди американски долари, од кои околу една четвртина се наменети за воена поддршка.

Канадските власти соработуваа со земји како што се САД, Холандија и Данска за да изнајмат стотици ракети за противвоздушна одбрана со мал и среден дострел и сродни системи.