Канада нема да ги признае резултатите од референдумот на Крим, а нејзниот премиер Стивен Харпер ќе замине во сабота во Украина.
Во соопштението на канадскиот премиер се наведува дека „референдумот е незаконски, нема правен ефект и ние не го признаваме исходот“.
„Таканаречениот референдум е одржан под воена окупација и неговите резултати не се ништо друго туку одраз на руската воена контрола“, се додава во соопштението на канадскиот премиер.
Според него, Канада останува обединета со своите сојузници во признавање на украинската влада и поддршка на украинскиот територијален интегритет и суверенитет.