Загаденоста на воздухот повторно станува актуелно, со топењето на снегот, смогот станува главен проблем на граѓаните, нивото на канцерогени ПМ 10 честички во петокот попладнедто се искачува и до седум пати над дозволеното.
Мерните станици во главниот град Скопје мерат ПМ 10 честички над 300 микрограми на метар кубен. Кај Ѓорче Петров мерната станица покажува дури 625 микрограми на метар кубен, кај Бисер во Аеродром 333, додека таа во Црниче непосредно под планината водно 454 микрограми на кубен метар, во Карпош 350, а 412 микрограми кај Клинички центар.
Загаденоста на воздухот е иста и во внатрешноста на државата, имено во Кичево загаденоста изнесува 389 микрограм на метар кубен, слична е ситуацијата и во Миладиновци и во Струмица.
Загадениот воздух е голем проблем за граѓаните, во периодот пред нова година, кога загаденоста достигнуваше бројки како и сега болниците беа преполни со луѓе со срцеви и белодробни проблеми.
Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.