Амандманот на осумте пратеници кои беше доставен е одбиен од Владата на Република Македонија. Елизабета Канческа Милеска од говорницата во Собранието побара Владата повторно да го разгледа овој амандман.
Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ се служи со патриотизам, побара да ги набројат предавниците кои секојдневно ги споменуваат. Канческа додаде дека овој амандман требало да го поднесат ВМРО-ДПМНЕ или доколку не сакале да го поднесат таа вели дека требало да го поддржат нивниот амандман или пак доколку и тоа не сакале, барем денеска да биле пристуни во салата на Собранието.
По излагањето на Канческа-Милевска , Заев од говорницата возврати дека денешната одлука е тешка, но вели дека ја гарантира иднината на земјата.