Кандидатот за пратеник од Изборната единица 5 Ѓорѓија Сајкоски преку видео порака бара одговорност поради доцнењето на изградбата на новиот автопат од Кичево кон Охрид.
-ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!
Ова е автопатот кој што требаше да биде завршен во 2018 година. Поминаа три години нема никакви градежни активности. И покрај апелите кои ги правевме до владата за опасност од овој пат до денес нема никаква активност. Надежта која ја имаше овој регион со изградбата на овој пат и можноста за развој е одземена. Иако Владата неколку пати се задолжи за изградба на овој патен правец нема ништо. Сакаме да прашаме каде се потрошени средствата за овој автопат кој што требаше по нивните ветувања да биде готов до крајот на 2019 или почетокот на 2020 година. Затоа ние бараме одговорност а одговорност мора да има за украдените пари, одговорност мора да има за неработењето, за лагите но одговорност треба да има и за штетите кои и се направија на Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.