Титулата за најскапо платен селектор на Мундијалот во Бразил, сосема заслужено е во сопственост на актуелниот предводник на фудбалската репрезентација на Русија, Фабио Капело.
Трофејниот италијански стручњак може да се пофали дека има годишна плата од 8.3 мил. евра, а дури 5 мил. евра помалку заработува вториот најплатен селектор на денешницата, предводникот на Англија, Рои Хоџсон.
Трет на листата е селекторот на Италија, Чезаре Прандели кој има годишна плата од 3.2, а за него, со годишна заработувачка од 2.9 мил. евра е предводникот на Бразил, Луис Филипе Сколари.
Листа со слекетори и нивната годишна заработувачка: Фабио Капело (Русија) – 8,3 мил. евра, Рој Хоџсон(Англија) – 4,3 мил. евра, Чезаре Прандели (Италија) – 3,2 мил. евра, Луис Фелипе Сколари (Бразил)-2,9 мил. евра, Отмар Хицфилд (Швајцарија) -2,8 мил. евра, Јоаким Лев (Германија) – 2,7 мил. евра, Висенте дел Боске (Шпанија) – 2, 5 мил. евра, Луи ван Гал (Холандија) – 2 мил. евра, Алберто Ѕакерони (Јапонија)-2 мил. евра, Јирген Клинсман(Америка) – 1,9 мил. евра, Дидије Дешам (Франција) – 1.6 мил. евра, Пауло Бенто (Португалија)– 1,6 мил. евра, Карлос Кеирош (Иран) – 1,6 мил. евра, Хорхе Сампаоли (Чиле) – 1,3 мил. евра, Хозе Пекерман (Колумбија) – 1,2 мил. евра, Ангелос Постекогул (Австралија) – 1 мил. евра, Оскар Табарез (Уругвај) – 930.000, Сабри Ламуши (Брегот на Слоновата Коска)- 765.000, Вахид Халихоџиќ (Алжир) – 744.000, Марк Вилмотс (Белгија) – 638.000, Фернандо Сантош (Грциија)- 638.000, Алехадро Сабелја (Аргентина) – 600.000, Хонг Мјонг- Бо (Јужна Кореја)– 586.000, Луис Фернандо Суарез (Хонудрас)- 464.000, Реиналдо Руеда (Еквадор)– 418.000, Хорхе Луис Пинто (Костарика)-325.000, Волкер Финке (Камерун)-290.000, Стивен Кеши (Нигерија) – 290.000, Сафет Сушиќ (БиХ)– 260.000, Нико Ковач (Хрватска) -200.000, Џејмс Квеси Апија (Гана) -185.000, Мигел Ерера (Мексико) -155.000.