Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ посебен фокус има младата популација, во сферата на младинската политика, мерките кој се превземаат за развој на спортот и инвестициите во спортската инфраструктура се од капитално значење за развојот на здравиот начин на живот и во промовирањето на спортските вредности кај најмладата популација, Ратко Капушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој поосчи дека освен изградбата на спортски сали, повеќенаменски игралишта, базени и фудбалски терени, во програмата се предвидуваат и стипендии за талентирани спортисти и млади, како и отворање на дисперзирани студии на спортската академија во Скопје.
„Со имплементација на неколку активности ќе овозможиме рано откривање на талентирани деца во областа на спортот уште во основното образование“, истакна тој.
Според најавите од прграмата се планира отворање на дисперзирани паралелки на Спортската академија во Велес, Гостивар, Охрид, Штип, Прилеп, Струмица, Битола и во општина Куманово. Исто така ќе воведе законска обврска за сите училишта, односно училишните спортски клубови ќе имаат обврска да регистрираат екипи во 10 спортови, од кои најмалку 5 екипи да бидат активни и да бидат вклучени во системот на натпревари во рамките на училишниот спорт.
Во овие активности ќе може да се ангажираат родители и други лица со познавање, или искуство во тренажен процес како волонтери- тренери на овие екипи.
Дополнително ќе се работи на стимулација за ангажирање на професионални тренери за поддршка на развојот на училишниот спорт.
„Истовремено освен спортот во фокусот ни се и секојдневните социјално-културолошки потреби на младите и планирано за реализација е воведување на бесплатен викенд (петок,сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на младите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите млади лица на возраст до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет во определен викенд во месецот“, посочи Капушевски.