Претседателот на Комисија за заразни болести Жарко Караџовски, се обрати на јавноста околу мерките кои беа донесени денеска, односно полицискиот час, затворањето на угостителски објекти и фитнес центри.
„Прво да кажам дека вирусот не е оној истиот од ноември. Ако во ноември му кажувавме на Филипче дека можеме да менаџираме од 800 до 1000 дневни случаи, сега не е така. Во последните 3 недели се случува бум во бројот на позитивни случаи, односно просечниот број се движи 1200 – 1300. Сме имале и повеќе, но викенди сме имале 600-700, но се собраа огромен број случаи и во краток рок се пополнија болниците.
Сигурна епидемиолошка состојба е кога немаме ништо, втората е неповолна, и третата е катстрофална. Ние сме меѓу втора и трета. Но бидејќи засега ја менаџираме ситуацијата, се уште не би ја оценил како катастрофална, затоа што имаме места за хоспитализација.
Медицинскиот персонал ни е проблем во моментов, но ниту еден пациент не е оставен да страда или да не му се пружи медицинска нега. Но здравствените работници се преморени. Ако дозволиме мерките да не се спроведат, ќе се сведеме на колапс на работниците од здравствен аспект.
Во моментов најголем проблем е Битола, каде Р0 изнесува над 1, Скопје првпат паѓа под 1. Пет градови во моментов заслужуваат да ги наречеме критични, и поради инфраструктрата, но со ротација и менување на здравтвените капацитети успешно се менаџира. Епидемиолошки ситуацијата е несгируна. Немојте да мислите дека после 15-тиот ден нема да постои ковид.“, изјави Караџовски.