![karadzovski so maska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/karadzovski-so-maska.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Ние не можеме да делуваме кој и каде ќе ја прослави Новата година, дали во Охрид, во Маврово или во Берово, рече првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, на денешната прес-конференција.
– Патувањата не се лимитирани. Прославата на Новата година доколку е одговорна, може да се направи во било кој дел од државата. Повторувам, ако прославувањето е одговорно, а тоа значи почитување на мерките и со луѓе од семејството. Не е добро да се групираат луѓе, а и целта на овие мерки е да се избегне групирање на луѓе во ресторани, хотели и други објекти. Дали се викале ора, танци, пијачка, концентрацијата може да опадне и ситуацијата да излезе од контрола. Истото важи и за домашните слави и верски празници. Луѓето прават мини свадби и со позитивна енергија го прославуваат празникот, но тој собир многу лесно може да се претвори во кластер – рече Караџовски.