Карабао Куп: Сити мина на пенали кај второлигаш

Англискиот третолигаш Бартон првпат во својата историја се избори за место во полуфиналето од Карабао Купот, победувајќи со 1:0 на гостувањето кај второлигашот Мидлсборо, додека дуелот меѓу Лестер и Манчестер Сити по 1:1 во регуларниот тек од мечот, заврши со победоа на гостите во пенал серијата.

Победничкиот гол за Бартон, кој значи палсман вио полуфиналето и најдобар реултат на овој клуб во историјата од натпреварувањата во англискиот Лига куп, го постигна Хескет во 48 минута.

Во Лестер, Манчестер Сити пиоведе со погодогот на повратникот на терените Кевин де Бурјне во 14 минута, а израмнувањето на „Лисиците“ им го донесе Олбрајтон во 73 минута.

Лестер до четвртфиналето стаса по изведвуањето на пеналите во третото и во четвртото коло, но против „Граѓаните“ неговите шутери не беа расположени. Фуш го промаши голото, а резервниот гостински голман Муриќ ги одбрани ударите на Мејдисон и Сијунк.

Во средата на распоред се преостанатите два дуела од англискиот Лига куп, во кои се среќаваат Арсенал – Тотенхем и Челзи – Борнмут.