Караџовски: Лажни вести за разрешување на стотина судии

 Во јавноста се проширија лажни вести за разрешување на стотина судии, рече пред новинарите во четвртокот претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски.

Формираме комисија за само петмина судии за утврдување одговорност, доплни Караџоски.

Нема рокови до кога треба Комисијата да заврши со работата, рече Караџоски, но, како што додаде, добро е што Законот за Судски совет има предвидено добри механизми, затоа што често пати се случуваат проблеми и со доставување на писмата и поканите.

„Има добри механизми во Законот, така што мислам дека постапката на тие комисии нема долго да трае, а по завршување на дејствијата на Комисијата рокот во кој треба да достави извештај до Судскиот совет е 15 дена“, додаде Караџоски.