Каракачанов и раководството на ВМРО-БНД поднесоа колективна оставка

Целото раководство на партијата ВМРО-БНД, предводенот од лидерот Красимир Каракачанов, министер за одбрана во една од поранешните влади на премиерот Бојко Борисов, во понеделникот поднесоа колективна оставка, поради лошите резултати на неделните парламентарни и претседателски избори во Бугарија.

„По анализата на изборните резултати раководството на ВМРО, претставувано од Извршниот комитет, донесе решение да поднесе оставка и да ја своја Организациската комисија со цел да подготви и да свика конгрес на партијата ВМРО – Бугарско национално движење“, се наведува во објавата на официјалниот фејсбук профил на партијата.

Во објавата, исто така, се повикуваат сите партии застапени во новиот состав на бугарскиот парламент да „не отстапуваат од заштитата на бугарските национални интереси во Македонија“ кауза којашто „ќе продолжиме да ја браниме по секоја цена“.

Во Извршниот комитет на партијата, покрај лидерот Каракачанов, влекуваат и замениците на претседателот Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов, како и организацијскиот секретар и десет членови.

Според последните податоци од неделните избори, партијата на Каракачанов освоила само 1 отсто поддршка или само 19.145 гласови.

Откако во 45-от состав на Народното собрание, ВМРО-БНД беше во владејачката коалиција предводена од ГЕРБ, како дел од коалицијата „Обедиентите патриоти“, на последните три парламентарни избора годинава партијата на Каракачинов не успеа да го мине 4-процентен праг за влез во бугарскиот парламент.