Скопје нема желба да се решат прашањата, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбраба Красимир Каракачанов за БТВ.
Македонците сметаат дека можат да мамат и да „ни забијат нож во грбот“ вели бугарскиот вицепремиер.
Македонските влади што управуваат со земјата од првиот ден на нејзиното постоење не се нормални, изјавил Каракачанов како што пренесуваат бугарски медиуми.
Според него сите претходни влади не создадале услови за нормален развој на своите граѓани. Ова било причината што некои Бугари во Македонија земале бугарско државјанство.
Каракачанов смета дека Зоран Заев е еден од ретките политичари во Македонија кој не користел груби, непристојни или навредливи квалификации кон Бугарија.
Скоро 30 години, Бугарија, кога и да направи нешто добро, не се слуша ниту еден збор благодарност од македонските медиуми или политичари, вели бугарскиот вицепремиер.