Каракамишева: Се води и ќе се води уште пофронтален напад врз медиумите што Заев ги прогласи за непријатели

Како што кажа и вашиот одговорен уредник, против медиумите се води, и ќе се води уште пофронтален напад од овој, и тоа нема да биде само против вашиот медиум, за жал, ќе бидат опфатени сите медиуми кои пред една година дена на прес-конференција, г-дин Зоран Заев ги посочи дека се медиуми непријатели на СДСМ и непријатели на „демократијата“, посочи Каракамишева.

Татјана Каракамишева, Сотир Костов и Александар Климовски гостуваа заедно во „Отвореното студио“ со Градимир Марковски на тема „Делумно прифатена жалбата на одбраната на Сеад Кочан“.