Каракамишева: Триесетината илјади амандмани се легитимно орудие на опозицијата

Поднесените амандмани се легитимно орудие и сѐ е според деловникот, дебатата е единствен и најдобар начин за опозицијата, изјави во понеделникот за телевизијата Алфа професорката по уставно право Татјана Каракамишева.

Поднесените над 35.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за спорниот Закон за употреба на јазиците се согласно уставот и деловникот за работа, вели Каракамишева.

Со негово донесување и со ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, дефинитивно би се редефинирала независна самостојна и унитарна Република Македонија, мисли.

Законот за употреба на јазиците нема правна основа во Уставот и во Рамковниот договор, смета Каракамишева. Според неа, неговото донесување би предизвикало меѓуетничка омраза и политичка агресија врз Македонија, а со тоа се рушат основните темелни вредности на Уставното уредување на државата.

Европско знаменце на предложениот Закон е ставен со единствена цел да се ограничи и да се избегне расправата по текстот и набрзина да се донесе еден неуставен закон, додаде професорката.

Со Законот за употреба на јазиците се предвидува двојазичност на целата територија на Македонија. Се предвидува во сите државни органи на централно и на локално ниво, јавни претпријатија и установи, општествени и приватни правни субјекти.

Паралелно, дека маските паднаа и лагите излегоа на виделина, на површина испливуваат бројните решенија за промена на името за кои цело време Зоран Заев манипулирал со народот, дека сите решенија се во согласност со Уставот, потсетува Каракамишева. Според неа, за прашањето на името треба да се прави национален концензуз каде треба да бидат вклучени сите партии во собранието.

Според експертите, со промена на уставното име се руши самобитноста на македонскиот народ, неговиот идентитет, македонскиот јазик, историја и култура.