Струјата ја снемало нешто по 20 часот по локално време додека Мадуро во телевизиско и радио обраќање на нацијата говоре за планот да се намали стапката на инфлација која значително и’ нанесува штета на тамошната индустрија на автомобили.
Во рок од неколку минути откако снемало електрична енергија, жителите на центарот на Каракас во знак на протест почнале да чукаат со тенџериња и лонци.
Мадуро, чие обраќање до нацијата било прекинато поради исклучувањето на струјата, се огласил на Интернет каде објавил дека заедно со своите помошници ја следи ситуацијата.
„Апелирам луѓето и понатаму да останат будни и внимателни“, нагласил претседателот на Венецуела.