![italija koloseum](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/italija-koloseum.png?resize=696%2C424&ssl=1)
Италијанската Влада одлучи до 3 мај да го продолжи карантинот наметнат поради коронавирусот, што истече на 13 април, објавија италијанските медиуми повикувајќи се на синдикатите.
Одлуката, што се уште не е официјално објавена, беше нагласена вчера на состанокот на членовите на кабинетот, вклучително и премиерот Џузепе Конте, со претставници на синдикатот и претставниците на работодавачите.
„Застанете до 3 мај, а потоа излегуваме“, пишува „Стампа“, сопственост на „Фиат“.
„Италија ќе биде затворена до 3 мај“, пишува на насловната страница на весникот „Кориере дела Сера“, што има најголем тираж.
Според медиумите, по 13 април може да се олеснат и мерките за некои несуштински активности, како што се книжарниците, продавници за канцелариски материјали, продавниците за облека за деца и некои компании за земјоделски машини.