0.8 C
Skopje
среда, ноември 27, 2024

Каратистката Топалоска освои бронзен медал на Светскиот куп во детска категорија

Македонската каратистка Мариjастела Топалоска се закити со бронзен медал во џиу ипон кумите на Светскиот куп за деца на возраст од 10 до 11 години, чиј домаќин беше полскиот град Лублин.

Забележителен настап имаа и останатите петмина македонски претставници, а најблиску до резултатот на Топалоска беше Камелија Недев, која во дисциплината кати за деца го освои четвртото место. Недев во финалето беше грубо оштетена од судиите и за 0,1 поен не успеа да освои бронзен медал.

Димитри Влахо, Матеј Мангаровски, Софија Јарчевска и Максим Поп Трпев во своите категории се пласираа од 5. до 8. место.

На Светскиот куп во Лублин учествуваа над 1.000 натпреварувачи од 28 земји.