Кардиф со пресврт го победи Вулверхемптон

Во првиот дуел од 14-то коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Кардиг Сити на својот стадион со пресврт во вториот дел дојдоа до победата над Вулверхемптон од 2:1 (0:1).

Гостите поведоа со голот на Мат Доерти во 18 минута, а пресвртот и победата на домашните им ја донесоа погодоците на Исланѓанецот Арон Гунарсон во 65 и бна Канаѓанецот Жуниор Олет во 77 минута.

Кардит со оваа победа со 11 бодови привремено се оддалечи од зоната која води во понизок ранг и е на 15-то местои, додека Вулверхемптон со 16 бодови е на 11 место. Водечкиот Манчестер Сити инма 35 бодово, два повеќе од вториот Ливерпул. Трет е Тотенхме со 30, четврти Челзи со 28 бодови, а Арсенал е петти со 27 бодови. Манчестер Јунајтед е дури седми со 21 бод еден помалку од Евертон.

Во сабото во терминот од 16 часот се играат дури пет натпревари, и тоа: Кристал Палас – Барнли, Хадерсфилд – Брајтон, Лестер – Ватфорд, Манчестер Сити – Бормнут и Њукасл – Вест Хем, додека во 18,30 часот се среќаваат Саутемптон – Манчестер Јунајтед.

Пладневниот термин во недела во 13 часот е резервиран за средбата Челзи – Фулам, потоа во 15,05 часот следи севернолондонскот дерби Арсенал – Тотенхем, а во 17,15 часот е градското Мерсисајд дерби меѓу Ливерпул и Евертон.