Модниот дизајнер Карл Лагерфилд изјави дека германската министерка за одбрана, првата жена на таа функција Урсула вон дер Лајен ја смета за прекрасна.
Таблоидот „Билд“ денеска коментира дека овој 80-годишен „цар на модата“ смета дека во тие години може да си дозволи и претерано љубезни забелешки на сметка на компетентни жени.
„Таа министерка ја сметам за прекрасна жена, и иако иам седум деца изгледа како млада девојка,“ изјави Лагерфилд, а пренесува „Билд“.
Изјавата била дадена за германскиот неделник „Гала“ чијашто читателска публика ја сочинуваат само жени.