Заврши светски познатиот карневал што започна на 22 април годинава, откако две години не се организираше поради воведените мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Се проценува дека 75.000 луѓе присуствувале на различни настани за време на карневалот секоја вечер. Единствен услов беше задолжителното носење маски на некои настани, како и потврда за вакцинација.
Иако беше најавен за последната недела од февруари, популарниот карневал во Рио беше одложен за крајот на април поради влошената епидемиолошка состојба на Ковид-19 во Бразил.
Се очекува карневалот да донесе олеснување за економските сектори погодени од пандемијата, како што е хотелската индустрија, која очекуваше зафатеност од околу 85 проценти во текот на викендот, според Здружението на хотелска индустрија во Рио.
Шарени и весели поворки традиционално се одржуваат на улиците на бразилскиот град Рио де Жанеиро од 1929 година наваму.