Картата на „Голема Албанија“ на чело на протестот за Диво Насеље

На скопскиот плоштат „Скендерберг“ почна во четвртокот напладне протестот за осудените од случајот Диво Насеље, а како што може да се забележи поддршка на протестот дадоа неколку десетина граѓани.

Демонстрантите бараат правда и слобода за осудениците.

Граѓаните кое се придружија на протестот држат транспаренти за правда за малиот Алмир, но и транспаренти со УЧК и со картата на „Голема Албанија“. На големиот транспарент сотаканаречената голема Албанија стои и слика на Арсим Бајрами за кого се бара слобода.