Регионалните власти на Каталонија наредија во петокот затворање на дискотеките и ноќните клубови во североисточната шпанска покраина, настојувајќи да го сузбие ширењето на заразата со коронавирусот.
Агенцијата за Цивилна заштита, исто така, ги затвори концертните сали коишто имаа само еден подиум и до полноќ ја ограничи работата на ноќните клубови, рестораните и казината.
Мерките коишто стапуваат на сила во сабота и ќе важат следните две седмици се воведени откако во Каталонија во изминатите 14 деновио до четвртокот беа забележани 8.000 нови случаи, речиси половина од речиси 16.410 случаи во цела Шпанија.
Регионалните власти пред една седмица побараа од 4 милиони жители на Барселона да не излегуваат од домовите, освен во итни случаи. Поради ширењето на коронавирусот нови ограничувања воведоа власттие и во другите региони.
По неполн месец од укинувањето на строгите мерки, Шпанија доживеа експлозија на бројот на заразите со новиот коронавирусот кои веќе однесе 28.432 животи и зарази повеќе од 272.000 лица. Самата Католонија, пак, бележи до петокот 5.678 жртви и 67.217 заразени
Претходно во петокот францускиот премиер Жан Кастекс им препорача на сонародниците да ги избегнуваат патувањата во Каталонија, иако границите останаа отворени.