Каталонија e е подготвена за предвремени избори што треба да се одржат на 27 септември, кои воедно би биле и гласање за независност на покраината од Шпанија, но тоа ги зголеми тензиите во односите со централната Влада.
Во случај сеционистичките партии да освојат мнозинство ќе инсистираат Каралонија да се одвои од Шпанија во рок од 18 месеци, без оглед на спротиставувањето на властите во Мадрид.
Каталонската Влада веќе почна да ги подготвува државните институции, кои брзо би можеле да ги преземат работите, ако победи групата за незавосност.
– Ние сме подготвени за предвремени избори, неколку пати повторува каталонскиот претседател Артур Мас.
Минатата недела каталонските функционери ги претставија плановите за иданата даночна агенција со што се отвора патот јавната кредитна институција да прерасне во каталонска централна банка.