Со убедливата победа од 3:0 во првенствениот дуел против гостинската екипа на Малага, каталонскиот гигант Барселона стави крај на серијата од два натпревара без победа.
Очекуваниот триумф го најави Пике, а во листата на стрелци се запишаа и крилните напаѓачи Педро Родригез и Алексис Санчез.
„Оставката на Росел? Барселона во изминатите неколку години помина низ уште посериозни проблеми. Да не заборавиме дека Барса имаше голем проблем со здравјето на еден тренер. Ние нема да ја коментрираме оваа ситуација, нашиот одговор ќе го дадеме на зелениот терен. Не можам да сокријам дека ни беше многу тешко во изминатата недела, но ние сме вистински професионалци и целосно се фокусиравме на првенствената пресметка против Малага”, изјави по натпреварот тренерот на Барса, Херардо Тата Мартино.
Фаворитската улога ја оправдаа и фудбалерите на Атлетико (М) кои многу полесно од очекуваното со 4:2 го победија градскиот ривал, Рајо Валјекано.
Резултати: Алмерија – Гетафе 1:0, Осасуна – Атлетик Б. 1:5, Р.Валјекано – Атлетико М. 2:4, Барселона – Малага 3:0.