Каталонскиот лидер Пуџдемон ослободен и сепак може да ја напушти Италија

epa09485249 Supporters of Catalan MEP Carles Puigdemont protest in front of European Parliament in Brussels, Belgium, 24 September 2021. Exiled former Catalan president Carles Puigdemont was due to appear at an Italian court 24 September following his arrest on 23 September, four years after fleeing Spain in the aftermath of an independence referendum that the central government ruled illegal. EPA/OLIVIER HOSLET

Каталонскиот политичар и европратеник Карлес Пуџдемон е пуштен од притворот во петокот вечерта и наспроти претходните објави дека не смее да го напушти островот Сардинија, сепак, смее да ја напушти Италија, изјави неговиот адвокатот иако се чека конечната одлука на италијанското правосудство за барањето на Шпанија за негово предвање каде би му се судело за организирање на референдумот и прогласувањето на независност на Каталонија во 2017 година.

Поранешниот претседател на автономниот шпански регион Каталинија го напуштил затворот во Сасари на Сардинија каде што беше притворен во четвртокот вечерта откако на аеродромот во градот Алерго од Брисел допатувал за да учествува на меѓународната изложба Адифолк и да се сретне со челникот на италијанскиот регион Сардинија, каде што исто така историски постои тенденцијата за отцепување од Италија.

Еден од адвокатите на Карлес Пуџдемон, Агостанџеко Марас изјави дека каталонскиот политичар моќе да ја напушти Италија до следното рочиште закажано за 4-ти октомври. Адвокатот претходно рече дека носењето на одлуката за носење на одлуката за екстрадицијата на неговиот клиент може да „потрае со седмици“.

„Шпанија не ја припушта можноста да биде смешна“, изјавил Пуџдемон за мноштвото претставници на медиумите пред затворот откако излегол од него.

Претходно во петокот во текот на посетата на канарскиот остров Ла Палма каде цела седмица еруптира вулкан, шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Пуџдемон мора да биде изведен пред шпанскиот суд,.

„Пуџдемон мора да ги почитува одлуките на судот, токму како и секој друг граѓанин“, реле Санчез.

Шпанското обвинителство го обвини 58-годишниот Карлес Пуџдемон за поттукнување и учествување во бунт бидејќи во октомври 2017 година помогнал и учествувал во организирањето на референдумот за независност и прогласувањето на независност на Република Каталонија, што шпанските судови ги прогалија за неуставни и забранија.

Апсењето ги разгневи каталонските сепаратисти и повеќе стотици протестираа во петокот пред италијанскиот конзулат во каталонската престолнина Барселонал. За петокот вечерта и за недела најавени се нови протести.

Европскиот парламент во март го укина пратеничкиот имунитет за Пуџдемон кој го има по изборите во 2019 година. Пуџдемон со неколку соработници живее во егзил во Белгија, којашто и во други претходни случаи одбиваше да екстрадира лица кои шпанските власти ги бараа, а во Алгеро од Брисел допатувал за да учествува на меѓународната изложба Адифолк и да се сретне со чилникот на италијанскиот регион Сардинија.

Каталонскиот референдум од 2017-та ја предизвика најголемата политичка криза во последните неколку децении во Шпанија, а пота во октомври истата година следеше и унилатералното прогалсување на независноста на Република Каталоноја во регионалниот парламент. Истовремено владата во Мадрид ја укина автономијата на регионот и го перезема директната управување над покрната и осумина од уапсени сепаратистички челници беа осудени на долгогодишни затворски казни.