Катарина Барли ќе ви води германските социјалдемократи на европските избори

Потпретседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли, ќе ја предводи владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD) на изборите за Европскиот парламент, откако за тоа доби поддршка на партиската конвенција одржана во Берлин во неделата.

Барли повика на „одлучна кампања против десничарскиот популизам и автократите“ на изборите на 9-ти јуни. „Ова е одлука за идната насока“, рече Барли во присуство на канцеларот од редовите на SPD, Олаф Шолц.

„Конзервативците и економските либерали сакаат да ја сведат Европската унија на обичен внатрешен пазар, додека други сакаат да го напуштат блокот“, рече Барли, алудирајќи на десничарската евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто е значително повисоко рангирана во предизборните анкети отколку нејзините социјалдемократи.

„Тие за најкратко време би создале сериозна опасност за германската економија“, вели Барли, кој освен германско има и британско државјанство, а беше и министер за правда во ткн голема влада на демохристијаните на Ангела Меркел и социјалдемократите.

Барли ги критикуваше целите на AfD како „агенда против работничката средна класа“. Нарекувајќи ја партијата „нови нацисти“, таа без да го поктрепи своето тврдење со докази рече дека „тие имаат намера да ја поткопаат демократијата и да ги депортираат луѓето од странско потекло, без разлика дали имаат германско државјанство“.

Барли ја обвини Европската комисија дека не постапува против постапките на унгарскиот премиер Виктор Орбан кои ги блокираа одлуките одобрени од другите членки на Европската унија, во прв ред мислејќи на огромната помошт за Украина.

„Тој ја уценува ЕУ со своите блокади“, рече таа, посочувајќи ја европската поддршка за Украина, плановите за проширување и европскиот буџет за таа цел, кој Унгарија го блокираше.

„Иако Комисијата можеше да ѝ ги ускрати средствата на Унгарија, таа не го стори тоа доволно доследно“, рече Барли.

„Време е да испратиме јасна порака до Виктор Орбан“, рече Барли и повика на укинување на принципот на едногласно одлучување во ЕУ, без разлика на тоа што се предупредува дека таквиот потег би имал негативни импликации кај другите помали и помалку влијателни земји членки.

Дваесет иседум земји-членки на ЕУ во јуни ќе одржат избори за да го одредат новиот состав на Европскиот парламент и политиките и приоритетите на блокот. Изборите за Европскиот парламент се одржуваат на секои пет години.