Катастарот со член во Бирото за земјишна администрација на UNESCE

Агенцијата за катастар на недвижности првпат добива висок претставник во органите на управување на некоја интернационална организација која се занимава со земјишна администрација, а е под покровителство на Обединетите нации. Ова претставува огромна чест и признание за досегашната работа на Агенцијата за катастар на недвижности, соопшти македонскиот Катастар. 

Ценова-Митревска е избрана на 10. сесија на работната група за земјишна администрација што се одржа на 8. и 9. месецов во Женева. Сесијата се однесуваше на меѓународната размена на знаења од областа на земјишната администрација и менаџментот со недвижности.

На 10. сесија се дискутираше како UNESCE ќе може со својата работа да придонесе да се подобри управувањето со земјиштето во регионот, за потребите и приоритетите на земјишната администрација во UNESCEрегионот како поддршка на агендата 2030 и новата урбана агенда на Обединетите нации.

Во UNESCE членуваат 56 држави од Европа, Северна Америка и Азија, како и повеќе од 70 интернационални професионални организации и останати невладини организации. Својата работа ја извршува преку работната група за земјишна администрација (WPLA) и комитетот за домување и менаџмент на земјиште. Главна цел на овие тела е да се промовира енергетски, ефикасно и адекватно домување на целата популација, особено на социјално ранливите групи и лицата со посебни потреби, развој на одржливите или т.н паметни градови (smart city), како и транспарентна и ефикасна употреба на земјиштето и брза и ефикасна регистрација на земјиштето.