Катица Јанева го тужи Боки13 за нелегално снимање додека лежи на кревет, а пред неа се гледа купче пари

Во Кривичниот суд за денеска е закажано првото рочиште од новиот предмет во кој Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски за нелегално снимање.

За време на презентирањето на материјалните докази во предметот „Рекет“, во судница беше прикажана фотографија на која се гледа екс-јавната обвинителка Катица Јанева во нејзниот дом, а пред неа сноп со пари, за кои обвинителството тогаш тврдеше дека се во апоени од по 500 евра.