Во средата полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода 35-годишниот Д.А. од Кавадарци.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, се пронајдени и одземени едно пакување со марихуана и дигитална вага.
Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.