Кавано има отворен пат кон Врховниот суд, конечното гласање во сабота

Кандидатот на претседател Доналд Трамп за судија во Врховниот суд на САД, Брет Кавано, направи во петокот уште еден чекор напред откако го потврди Сенатот во прелиминарното гласање, и покрај обвинувањата за сексуално напаствување од неолибералните активисти.

Со една седмица задоцнување, за да му се овозможи на Федерелното биро за истраги (FBI) против него да спроведе истрага за силување, сенаторите го поддржаа Брет Кавано со 51 глас „за“ наспроти 40 „против“.

Сенатот во кој републиканците имаат тесно мнозинство конечното гласање ќе треба да го има во сабота. Претседателот Доналд Трамп по ова на Twitter објави дека е „многу горд“ на Сенатот.

Имајќи го предвид резултатот од денешното прелиминарно гласање, Кавано, се чини, има добри шанси да добие доживотно место во Врховниот суд на САД. Меѓутоа, доколку само неколку пратеници до утре го сменат ставот, тоа би значело дека неговото именување ќе биде доведено во прашање.

Потврдата на Кавано за врховен судија би претставувала и своевидна победа за претседателот Трамп, и со него би се создал соодносот пет наспроти четири судии во Врховниот суд во полза на конзервативците. Тоа на Републиканската партија би ѝ овозможило предност во можните правни битки околу клучните прашања, како што се правото на абортус, имиграцијата, како и обидите за забрана за трансродовите лица да се приклучуваат во американската армија.

Самоувереноста на републиканците дека Кавано би можел да ја добие довербата на мнозинството во Сенатот да стане судија во Врховниот суд пораснаа во четвртокот по позитивното мислење на двајцата неодлучни сенатори за извештаот на FBI во врска со обвинувањата против Кавано за наводно сексуално напаствување. Извештајот, кој Белата куќа веднаш уште во текот на ноќта му го препрати на сенатскиот комитет за правосудство, демократите го отфрлија како „разводнет“.

Извештајт на FBI не е објавен, а сенаторите можеа да го прочитат зад затворени врати во безбедна соба на Капитол Хил, без притоа да пишуваат белешки или да го копираат.

Претседателот Трамп напиша на Twitter дека извештајот покажал дека обвинувањата против неговиот кандидат за Врховниот суд биле „сосема неосновани“. Демократите од почетокот се противат на републиканскиот кандидат на претседателот.

Според американскиот систем, претседателот го предлага кандидатот за Врховниот суд во кој се девет судии со доживотен мандат, а Сенатот го потврдува. Последниот судија кој во изборна година го потврди мнозинството со спротивна политичка провиниенција, беше Ентони Кенеди во 1988 година.

Републиканците уште пред три години, по смртта на врховниот судија Антонит Скалиа најавија дека ќе го минираат секој кандидат кој ќе го предложи претходникот на Трамп, претседателот демократ Барак Обама кој веќе имаше предложени двајца врховни судии во својот мандат, но во периодот кога неговите демократи беа мнозинство во Сенатот. Републиканците истакнуваа дека ова многу чувствително именување му припаѓа на наследникот на Обама кој официјално ја презема должноста на 20-ти јануари 2017 година.

Судијата Ентони Кенди, кого Кавано треба да го замени, го именуваше републиканскиот претседател Роналд Кенеди во 1987 година, поради што со доаѓање на нов конзервативец, идеолошкиот сооднос на судот ќе остане непроменет.

Ден по сослушувањето на судијата Кавано, кој решително го негираше обвинувањето на денес универзитетската професорка Кристина Блејси Форд дека сексуално ја нападнал уште во 1982 година, како и по сослушувањето на неговата тужителка, која не дала никакви докази за тоа, 11-те републикански сенатори членови на судскиот комитет на Сенатот гласаа за неговото потврдување, а 10-те демократски членови беа против.

Овој случај се појави само неколку седмици во пресрет на изборот на половината од мандатот кои се одржуваат на 6-ти номери и на кој демократите ќе се обидат да ја преземат контролата над Конгресот од репуликанците. Но Трамп, според пишувањето на ресурсот Business Insider, смета дека во својот мандат би можел да именува барем уште двајца судии, поради високата возраст и лошото здравје, а станува збор за две либерални судијки во Врховниот суд.