Казахстан бара помош од сојузот предводен од Русија, ОН повикуваат на мир, а САД негираат вмешаност

Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токаев изјави во средата дека апелирал до безбедносната алијанса поддржана од Русија за помош за справување со протестите низ државата, а Обединетите нации и САД ги повикуваат „сите страни“ на воздржаност.

Казахстан во средата прогласи вонредна состојба на целата територија по насилните протести, за кои изговор беше растот на цените на метанот на кој возат најмногу возила во земјата, кои прераснаа во бунт во одредени делови од земјата со загинати и ранети.

„Денеска упатив апел до шефовите на државите на ОДКС (Организација на Договорот за колективна безбедност) да му помогнат на Казахстан во надминувањето на оваа терористичка закана“, рече тој на државната телевизија. Токаев додаде дека „терористичките банди“ што ги водат протестите „добиле обемна обука во странство“, јавија западни медиуми.

Казахстан претходно прогласи вонредна состојба на целата територија, откако ескалираа протестите. Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан.

Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан градот Алмати, регионот Мангистау и во административниот центар Нурсултан, кој го доби името по поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев. Протестите почнаа во неделата во провинцијата Мангистау, која произведува нафта во западен Казахстан, по укинувањето на прописите со кои беше ограничена цената на горивата.

Руската меѓународна новинска агенција Sputnik пренесува, повикувајќи се на казахстанскот министерство за внатрешни работи, дека во судрите меѓу демонстрантите и безбедносните сили загинале осум полицајци и припадници на Националната гарда, а повредени се 317 лица во неколку региони.

„Повикувањето на напади врз зградите на владата и војската е апсолутно илегална активност. Владата нема да падне. Не сакаме судир, туку заемна доверба и дијалог“, изјави претседателот Токаев во вторникот и обвини „надворешни фактори“ за поттикнување на безредијата пред прогласувањето на вонредната состојба.

Властите претходно го запреа пристапот до интернет и мобилната телефонија во целата земја. Вонредната состојба е проширена на целата државна територија, извести во средата вечерта казахстанската јавна телевизија Kabar24, додаваји дека таа ќе биде на сила до 19-ти јануари.

Во текот на вонредната состојба „ќе биде ограничена слободата на движењето, па и со транспортни сретства“, е бидата забранети „јавни собири и семејни собирања повод раѓања, венчавки и смртни случаи“, рекол водителот на телевизијата „на руски јазик“, како што истакнува во извепштајот агенцијата Reuters.

„Ограничувањата се воведуваат поради влошување на ситуацијата за да се гарантира јавната безбедност, да се воспоставата законот и редот, како и да се заштитат човековит права и слободи“, додал телевизискиот спикер информирајќи дека во текот на вонредната состојба на сила ќе биде и полициски час од 23 часот навечер до 7 часот наутро.

Обединетите нации „со загриженост ја следат ситуацијата“, изајви портпаролот на генералниот секретар Стефан Дужарик. „Многу е важно сите вмепшани во актуелните настани да покажат воздржаност и да се воздржат од секое насилство и да поттикнат дијалог“, изјави Дужарик. Но останува нејасно на кои две страни им се обраќа.

Американските власти ги повикуваат казахстанските на „воздржансот“ и скаат тамошните протести да минат „во мир“, изјави во средата портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки по прогласувањето на вонредната состојба.

Исто така, нејасно и необрајснето останува повикот на „воздржаност“ кон власта, во услови кога има демолирање и палење на градската канцеларија во Алмати, обиди за упад во други објекти на државни институции, напади и убиства на припадници на безбедносните сили.

Псаки воедно гикритикуваше „безумните тврдења на Русија“ за одговорноста на САД за бунтот кој го дестабилизира Казахстан. „Тоа е целосно погрешно“ и тоа е „руската стратегија на дезинформирање“, тврди портпаролката на Белата куќа.