Американските регулатори ќе го казнат Facebook со пет милијарди долари, откако истрагата покажала дека најголемата социјална мрежа на светот не ја заштитила приватноста на милиони свои корисници, објави во петокот весникот The Wall Street Journal.
Членовите на американската Федерална трговска комисија (FTC) гласале 3 наспроти 2 во полза на казната коај би била вклучена во судска спогодба со Facebook, наведува весникот повикувајќи се на извори запознаети со сличајот. Во написот се не наведува податокот колку долго време ќе биде потребно да се финализира и спроведе спогодбата.
Истрагата за Facebook е спроведена минатата година откако беше откриено дека британската аналитичка компанија „Cambridge Analytica“ која била ангажирана во кампањата на американските претседателски избори во 2016 година, имала достап до личните податоци на 87 милиони корисници на социјалната мрежа.
И од Комисијата и од Facebook одбиле да го коментираат написот, но социјалната мрежа во својот редовен квартален финансиски извештај објави дека поради скандалот се очекува загуба од пет милијарди долари.
Сега споменатата спогодба би требало да ја одобри американското Министерство за правда, но тоа обично не ги менува одлуките на Федерална трговска комисија (FTC), пренесува The Wall Street Journal.