Казнети 135 возачи во Скопје,

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за непочитување на првенство на минување.

Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.