Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за нерегистрирани возила, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.