-1.2 C
Skopje
понеделник, декември 30, 2024

Казнети 158 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во веток на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи.

Од изречените казни шест се за возила кои се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.