Во текот на вчерашниот ден (23.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 229 возачи. Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 91 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.