Во текот на вчерашниот ден (24.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 411 возачи.
Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 221 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 190 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.