Европската фудбалска унија УЕФА го казни грчки ПАОК со 22.000 евра порди блокираните скалила на трибините и неспортското однесувње на неговите навивачи кои користеле ласери во текот на домашниот натпревар од 3-то претколо на Лигата на шампионите против московски Спартак.
Казна заработи и Спартак, и тоа затоа што на реванш дуелот во Москва неговите навивачи извикувале недоволени слогани, како и поради блокирањето на скалилата на трибините. Рускиот клуб е казнет со 31.000 евра.
ПАОК на 8-ми август во Солун го совлада Спартак со 3:2, а реваншот во Москва заврши без голови.
Истовемено УЕФА покрена дисциплинска постапка против белградскиот фудбалски клуб Партизан за однесувањето на неговите навивачи, односно за фрлање тврди предмети на терен за време на натпреварот против турски Бешикташ во плеј-офот за пласман во Лига Европа.
Воедно од УЕФА на Партизан му забележуваат и за користењето на пиротехнички средства, како и за блокираните скали на трибините речиси во текот на целиот натпревар.
Натпреварот во Белград се одигра во четвртокот, а Партизан и Бешикташ одиграа нерешено 1:1.