Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатна станица Глумово, запрела товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ќ.Р. од Гостивар.
Од извршената контрола, утврдено е дека истиот превезува огревно дрво (со соодветна документација), но не поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стока. За истото од страна на Мобилната единица за компезаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 500 евра.
Исто така, денеска на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “ман” со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Желино а управувано од Ш.Љ. од Тетово. Од извршената контрола, утврдено е дека возачот ја нема потребната документација, односно нема патен налог и товарен лист. Од извршените дополнителни проверки, исто така е утврдено и дека тахографот на возилото е небаждарен, по што за истото е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 3.900 евра.