
Полицискиот час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден воведени минатата седмица на грчкиот остров Закинотс и во градот Ханија на Крит, продолжени се до 18 август.
Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, Закинтос и Ханија од петокот се во црвената зона, кога беа воведени рестриктивните мерки до 13 август, а денеска се продолжени до среда наутро.
Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција потсетуваат дека забрането е и организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, а во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.
Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 3.605 нови случаи, починаа 20 лица, а 240 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.