Казни за 440 лица поради неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие полицијата изрече прекршочни казни на 440 лица на цела територија на државата поради непочитување на мерката за носење лична заштита на лица.

Според МВР, во изминатите 24 часа на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. При контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирано е едно лице кое на ја почитувало мерката за самоизолација.