Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, во саботата (25-ти декември) од 13 часот спровеле акциска контрола во две спортски обложувалници во тетовските села Милетино и Радиовце, во кои вкупно биле легитимирани 8 лица. Две од легитимираните лица не поседувале сертификат за примена вакцина.
По целосно документирање на случајот против двете лица и објектите (правни лица) ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.